Премиерата на „Балканска приспивна песна“, нова турска серија што се снима во Скопје, е најавена за 21 јуни на турската државна телевизија ТРТ 1, пренесува агенцијата „Анадолија“.
Главните улоги во серијалот ги имаат турските актери Емре Беј, кој го глуми ликот на Ертан, и Мерих Озтурк, која го глуми ликот на Јованка.
Останатата актерска екипа ја сочинуваат Ердал Озјагџилар, Озлем Туркад, Хакан Бојав, Џан Колукиса, Сузан Акбелге, Сарп Бозкурт, Ѓозде Чигаџи, Дениз Ѓуркан, Емине Хаљиљ, Бурак Рахман, Сулејман Кара, Каан Тургут, Бену Шахин и Ерман Шабан.
Серијалот доловува љубовна приказна на двајца млади, Ертан и Јованка, од различни националности во Скопје и нивната борба, во име на љубовта, да го постигнат пна што навидум изгледа невозможно.
Режисери на филмот, кој почна да се снима во мај, се Доган Умит Караџа и Волкан Капкин, додека сценаристи се Угур Узунок, Нурулах Севимли, Абдулхамит Ишик и Есма Коч.