Патничко моторно возило од марката „Лада нива“ во сопственост на инситуцијата Народен правобранител било украдено од автомеханичарска работилница на автопатот Тетово – Скопје, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Кражбата ја пријавил Б.Ш. (32) од с. Ласкарци и според него настанала во периодот меѓу 12 у 14 јуни.
Од МВР посочуваат дека се преземаат мерки за расветлување на случајот.