„Со оглед на фактот дека се шири лажна вест за наводно барање да биде вратена мојата патна исправа, која ниту еден медиум не ја поткрепува со факт, туку е проста репродукција на неименуван извор, сметам дека е за потребно да реагирам на ваквите објави, затоа што истите имаат само една единствена цел – да се фрли прашина врз судскиот процес кој е во тек“, се вели во реакцијата на Драги Рашковски, поранешен генерален секретар во Влада, по денешната информација на медиумите оти побарал од судот да му биде вратен пасошот.
„Голем дел од јавното мислење околу процесот кој е во судски тек е под постојана контаминација од лажни вести, со цел да се креира некаква погрешна слика, Ве замолувам за објективно и проверено известување, доколку сметате дека постојат елементи од јавен интерес“, наведува Рашковски во својот демант до медиумите.