НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Македонија, Црна Гора и Албанија со заедничка поддршка за Украина да добие статус на кандидат за ЕУ

0
By Sashko on June 15, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во Киев се сретна со премиерите на Албанија и на Црна Гора, Еди Рама, односно Дритан Абазовиќ, а на средбата преку видео врска се приклучи и македонскиот премиер, Димитар Ковачевски.

Зеленски, подоцна на Телеграм, објави дека Албанија, Северна Македонија и Црна Гора го поддржуваат кандидатскиот статус на Украина за членство во Европската унија (ЕУ).

„Нашите земји не се конкуренти на европскиот пат. Тие се надополнуваат и ги зајакнуваат меѓусебните способности“, истакна Зеленски и им се заблагодари на Рама и Абазовиќ за посетата.

Тројцата лидери на земјите од Западен Балкан, кои се членки и на НАТО, усвоија Заедничка изјава во која ја поддржуваат Украина да добие статус на кандидат за членство во Европската унија.

Во Изјавата се наведува дека на следниот Самит на ЕУ е неопходно да се донесат политички храбри одлуки за сите наши земји на европскиот пат за мир, стабилност и просперитет.

Абазовиќ посочи дека Црна Гора ќе продолжи да ѝ помага на Украина, нагласувајќи дека Црна Гора како лидер во европските интеграции ја поддржува решеноста на Украина да ја гледа својата иднина во истата насока.

„Денеска заедно со Еди Рама и Димитар Ковачевски усвоивме Заедничка изјава со која ја поддржуваме Украина да добие статус на кандидат за ЕУ. Во соопштението се наведува дека следниот Самит на ЕУ треба да донесе политички храбри одлуки за сите наши земји на европскиот пат кон мир, стабилност и просперитет“, напиша Абазовиќ на Фејсбук.

„Денеска имавме многу успешен ден во Киев, особено средбата со претседателот на Украина, а потоа и со премиерот и градоначалникот на Киев, Кличко. Можам да кажам дека нашата работа и должност ја завршивме на најдобар можен начин. Дојдовме овде да го кажеме ставот на Црна Гора, тоа им значи многу, многу повеќе отколку што мислиме, без разлика што нашите капацитети не се преголеми“, изјави Абазовиќ за новинарите во Киев.

Тој посочи и дека пристапот на Црна Гора, Албанија и Северна Македонија е нешто ново.

„Целосно се солидаризиравме со нив, покажавме дека немаме никаква доза на политичка себичност во однос на прашањето за нивната кандидатура за членство во ЕУ, секако навиваме за нив. Сметаме дека тие ги бранат вредностите на ЕУ и мислиме дека тие ја бранат Европа од она што може да биде негативен пробив и дека тоа е нешто што е корисно и за нив и за нас и за членките на ЕУ. Мислам дека таа порака беше јасно пренесена“, рече премиерот на Црна Гора.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.