Селективниот пристап и дискриминацијата кон ромската популација на граничните премини, е тема на оваа емисија ПРОЦЕС. За тоа, како се враќаат Ромите од граничните премини, зошто и на кој начин полициските службеници ги надминуваат своите овластувања, што превзема МВР, како ќе се рефлектира во државата, Нацрт законот на германската влада за Македонија, Србија и Босна и Херцеговина да се прогласат за „земји со сигурно потекло“.
НОВА континуирано го следи овој проблем во државата.
Во мај годинава Енвер Азировиќ кој со семејството патувал на помен во Прешево, бил задржан и проверуван од полициски службеник, кој кога го пуштил да ја помине границата му рекол „ако не се вратите за неколку денa, јас ќе летам од работа“.
Еден месец подоцна ромската актерка Емра Куртишова беше вратена од скопскиот аеродром. „Бев единствената што ја вратија! Па луѓе, зошто јас имам пасош, кога не смеам да излезам од државава“ рече тогаш Куртишова. Во Студио на НОВА Куртишова најави дека ќе ја тужи државата за дискриминацијата која ја доживеала.
Во ПРОЦЕС на оваа тема дебатираат Зекир Абдулов, извршен директор на НВО „КХАМ“ од Делчево и Уранија Пировска Извршен директор на Хелсиншки комитет.