Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Дипломатите од Охрид: Денеска е клучен ден за надминувањето на блокадата

0
By Соња Крамарска on June 17, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, June 17, 2022 11:33

На Преспа форумот во Охрид е полно со високи гости од цела Европа, претседатели, премиери, министри. Многу луѓе но малку одговори на прашањето дали Албанија и Македонија ќе го добијат долгоочекуваниот старт за преговори. Денеска е клучен ден велат сите кои ги прашавме што се случува.

Имено во текот на денот се очекува француската дипломатија и официјално да го испрати предлог текстот за преговарачката рамка за Македонија до сите земји членки.

Во текстот за кој дипломатите знаат само некои генерални точки велат дека најсензитивните прашања како историјата и јазикот не се вклучени. Сепак како што вели еден висок дипломат за НоваТВ, потребно е да се види интегралниот текст бидејќи ѓаволот е секогаш во деталите.

Во секој случај предлогот на Макрон денеска ќе стигне во престолнините на земјите членки кои потоа првично ќе се изјаснат за него на состанокот на амбасадорите на ЕУ кој ќе се одржи во понеделник.

Во меѓувреме како што дознаваме тука, не е исклучено бугарското собрание веќе утре да има седница на која ќе се расправа за овој предлог на Макрон.

Македонската дипломатија е воздржана во однос на било каков исход и велат дека ова е работа на земјите членки и дека само откако тие ќе се изјаснат, Македонија потоа би требало да го добие и официјално предлогот на преговарачката рамка, по што ќе се изјасни околу него.

Македонските високи функционери присутни овде во Охрид велат дека нивните позиции се познати и јасно искажани а тоа е дека нема никаква можност да се прифати разговор на теми кои ги преминуваат македонските црвени линии како што се историјата и јазикот.

Впечатокот кој може да се добие тука од сите официјални и неофицијални разговори е дека нема многу простор за оптимизам во однос на некој пробив на тврдото бугарско вето но исто така сите велат дека постои некој мал прозорец на можност за пробив и дека се е во рацете на дипломатијата.

Во секој случај прашање на денови е кога ќе бидат познати повеќе детали од оваа голема дипломатска маневра во која се вклучени и САД, како важен меѓународен играч кој смета дека пробивот е неопходен. Или како што вели претседателот Пахор, геополитиката никогаш не била толку присутна во процесот на проширувањето имајќи го предвид предизвикот на руската агресија во Украина, која во случајот игра огромна улога во кроењето на политичките карти на Европа. (Б.Ј.)

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.