НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Детали од францускиот предлог за решавање на македонско-бугарскиот спор

0
By Sashko on June 17, 2022 ПОЛИТИКА
Фото: mia.mk
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Северна Македонија да се обврзе да го смени Уставот во брз рок за да ги внесе Бугарите во Преамбулата, а потоа да донесе и Акциски план за заштита на нивните права, за да ги започне пристапните преговори со Европската Унија (ЕУ), се наведува во францускиот предлог кој е доставен до Софија, пренесува „Дојче веле“.

Официјално Скопје, барем засега, тврди дека до нив не стигнал овој документ. Притоа, поголем дел од планот „4+1″ на чија основа двете земји преговараат за надминување на билатералниот спор, се сели во Преговарачката рамка. Па така, во Акцискиот план кој треба да го спроведе Скопје, освен заштитата на малцинствата и недискриминацијата, се споменува и образованието.

Дополнително, за воопшто да почнат пристапните преговори, Бугарија ќе треба да биде задоволна дека повеќе не се врши дискриминација во земјата и дека нема говор на омраза. Тие прашања ќе бидат регулирани со Акцискиот план на кој Скопје ќе мора да се обврзе.

Со предлогот, за кој Софија треба да се изјасни деновиве, останува активен и спорот за македонскиот јазик кој го отвори Бугарија, затоа што во него се предвидува двете земји со унилатерални декларации да ѝ се обратат на ЕУ со објаснување за јазикот.

Притоа, Франција предлага и едно уникатно решение за организирање на две Меѓувладини конференции. Првата уште на 23 јуни во Брисел, која ја претставува како „политичка“, и втората во иднина, тогаш- кога Северна Македонија ќе заврши со уставните измени.

„Дојче веле“ од дипломатски извори дојде до двата документи со клучните точки. Првиот е Преговарачката рамка во која се додадени повеќе бугарски барања, а вториот е Предлог-заклучокот кој претседавачот Франција му го доставува на Советот на ЕУ.

Комисијата ќе го следи напредокот 

Во самата Преговарачка рамка, во точката 4 каде се наведуваат обврските на С. Македонија да ги почитува вредностите на ЕУ, освен „традиционалните“ барања за напредок во владеењето на правото, борбата против корупцијата и основните права, француското претседателство ги додава и „анти-дискриминацијата и борбата против говорот на омраза“.

Во точката 10, уште еднаш се потенцира потребата од заштита и недискриминаторски однос кон лица кои припаѓаат кон малцинства или заедници. „За да се обезбеди неповратноста на напредокот во овие сегменти и целосната имплементација, напредокот одблиску ќе се набљудува од Комисијата, која за тоа ќе му реферира на Советот“.

Што се однесува до дилемата дали Бугарија се откажала од спорењето со постоењето на македонскиот јазик, точката 11 во голема мерка ги решава тие дилеми. Иако Брисел го нарекува јазикот „македонски“, Бугарија сака да ја објасни својата позиција со декларација.

„Што се однесува до преводот на законите на ЕУ на македонски, ЕУ ја бележи намерата на Бугарија и Северна Македонија да поднесат унилатерални декларации за македонскиот јазик“.

Акциски план за бугарските барања 

Во точката 35 од поглавјето Преговарачки процедури поместен е уште еден дел кој одговара на барањата на Бугарија. Имено, оваа точка го опишува Патоказот во однос на владеењето на правото во земјата, кој владата во Скопје треба да го усвои врз база на скринингот кој ќе го изврши Европската комисија во земјата. Она што е ново во овој дел е следното:

„Северна Македонија ќе усвои, низ инклузивен процес, Акциски план насочен кон заштита на правата на лицата кои припаѓаат кон малцинства или заедници, вклучително и во делот на не-дискриминацијата, борбата против говорот на омраза, образованието, обезбедувањето ефективни мерки, механизми за пријавување и идентификување на одговорни институции за тоа.”
Усвојувањето и имплементацијата на овој Акциски план понатаму е додаден и како услов за отворање на првиот кластер со ЕУ наречен „Темели”.

Понатаму, во точката 47, каде се објаснува следењето на напредокот на Северна Македонија од страна на Комисијата, е додадена уште една реченица:
„Комисијата ќе обрне специјално внимание кон заложбите на Северна Македонија за добрососедски односи и регионална соработка како што е наведено во точката 5 и ќе ја информира Меѓувладината конференција за нивната имплементација“.

Останатите детали за тоа што може да се очекува од билатералниот договор меѓу владите во Скопје и Софија се наоѓаат во Предлог заклучоците кои Франција му ги предлага на Советот на ЕУ. Париз тука наведува дека „Северна Македонија планира приоритетно” да изврши „уставни измени со цел да ги вклучи во Преамбулата на Уставот граѓаните кои живеат во границите на државата и кои се дел од други нации, како Бугарите.”

Доколку Скопје се обврзе да го стори тоа, уште на 23 јуни во Брисел ќе се одржи „политичка меѓувладина конференција“ која, како што може да се разбере од Предлог-заклучоците нема да биде Меѓувладина конференција со која ќе се овозможи почеток на пристапните преговори. Таквата, вистинска Меѓувладина конференција, би се одржала дури откако ќе се промени Уставот и во него ќе се вметнат Бугарите. Преговорите со ЕУ за полноправно членство би започнале откако ќе се исполнат предусловите за отворање на кластерот Темели.

Кластерот „Темели“ ќе се отвори прв и ќе се затвора последен, за да може да се следи напредокот во тој сегмент, се наведува натаму. Притоа, во точката 51, францускиот предлог предвидува паралелна контрола на Патоказот за напредок во делот на владеењето на правото, и Акцискиот план со кој треба да се обезбеди заштита на малцинствата. Понатаму, во точката 53 каде што се објаснуваат одредниците за кластерот Темели, се прецизира дека Патоказот за владеењето на правото и Акцискиот план, кој практично произлегува oд бугарските барања, се изедначуваат по важност и без нивното целосно исполнување државата нема да може да продолжи натаму.

Преземено од „Дојче веле“

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.