Лидерот боледува од болест на зглобовите се вели во документарецот емитуван од државните медиуми поради шпекулациите кои се појавија за здравјето на 31- годишникот, пренесува Гардијан.
Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун боледува од болест на зглобовите – се вели во новинарски извештај што е всушност прва официјална потврда за слабото здравје, откако Ким беше долг период надвор од очите на јавноста.
На сликата се гледа лидерот како присуствува на концерт одржан на 3-ти септември што претставува последен пат како е виден на јавно место. Неговото појавување уште повеќе ги зголеми шпекулациите дека е во лоша здравствена состојба.
„Врз основа на неговото одење, се чини дека има гихт (воспаление на зглобовите), нешто што произлегува поради исхраната или генетските преодредби кои влијаеле на другите членови од фамилијата на Ким“, вели Мајкл Маден, експерт за раководството на Северна Кореја.
Ким бил виден како оди со тешкотии за време на настан со високи функционери во јули и претходно снимениот документарен филм кој вчера беше емитуван од државните медиуми, а на кој видно се гледале неговите потешкотии при одење.
„Богатството и просперитет на нашиот социјализам е благодарение на макотрпните напори на нашиот маршал, кој постојано го осветлува патот за луѓето и покрај тоа што страда од болки во зглобовите”, се вели во една од изјавите во едночасовниот документарен филм.
Документарецот беше проследен со претходно снимен пренос од средба на севернокорејското врховно народно собрание на која Ким Јонг Ун очигледно беше отсутен.
На фотографиите објавени од државните медиуми се гледа дека Ким за кратко време се здоби во тежина откако дојде на власт по смртта на неговиот татко во 2011 година.
Според некои севернокорејски аналитичари, тежината или фамилијарните гените би можеле да се причини за неговата сегашна состојба.