Времето денеска ќе биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе бидат во интервал од 7 до 16 степени, а дневните ќе се движат од 27 до 34 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Слично време се очекува и во Скопје со утрински температури ќе бидат до 14 степен и дневни до 32 степена.
Во следните денови во земјава ќе преовладува многу топло време со позначителен пораст на температурите. Ќе дува слаб до умерен, а повремено и засилен северозападен ветер. Во попладневните часови ќе има услови за локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, особено во средина на неделата.