НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието веднаш да свика седница за „францускиот предлог“, Владата не смее да остане нема, апелираат од ЕПИ и од ИДСЦ

0
By Sashko on June 20, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Исклучително раното внесување на бугарската заедница во Уставот, што би можело да се искомплицира во текот на преговорите, начинот на кој тоа ќе биде толкувано од Бугарија, како и механизмите што се вградени во тековниот неофицијален „предлог“ на француското претседателство, се дел од клучните ризици во неофицијалниот документ, оценуваат од Институтот за демократија (ИДСЦС) и Институтот за европска политика (ЕПИ), кои денеска го презентираа документот „Бугарското вето на македонските евроинтеграции: Какво јаболко може да загризе Македонија?“.

Како што истакна Симона Кацарска од ЕПИ, презентацијата на документот и панелот имаат за цел да се процени каков е овој „француски предлог“, иако неофицијален, што е на масата и да се види како би требало да се продолжи понатаму од страна на нашите носители на одлуки.

„Очигледно е дека се вградува механизам за спроведување на дел од договорот и се говори, она што знаеме значи, за билатерален протокол во којшто немаме увид. Исто така, очигледно е дека имаме многу малку информации во однос на тоа што се говори, за што се дискутира и би било добро македонското општество да биде подобро запознаено со дел од овие документи“, рече Кацарска во изјава за медиумите.

Претседателот на ИДСЦС, Марко Трошановски вели дека појдовната позиција во документот којшто го одработија со ЕПИ е дека не сакаме да прифатиме и не треба да прифатиме процес за којшто нема општествено-политички консензус, односно поширока поддршка.

„Во таа смисла нашето општество сè уште не е запознато за што се преговара, односно знаејќи само дел од целата приказна за неофицијалниот „француски предлог“, ние, исто така, не знаеме што има во протоколот. Ги повикувам партиите, опозицијата и, пред сè, Собранието да се одважи и во функција на тело каде што е застапен суверенитетот на граѓаните, уште денеска да побара седница на која што ќе се разгледа францускиот предлог, како тој одговара на резолуциите донесени од Собранието, но исто така и да имаат увид во протоколот којшто може многу од работите да промени или да влоши во најлоша ситуација од она што е дефинирано во предлог преговарачката рамка од страна на француското претседателство со ЕУ“, рече Трошановски.

Тој нагласи дека она што е многу важно е дека Владата не смее да остане нема, очекувајќи дека земји членки на ЕУ ќе го заштитат нашиот преговарачки процес поради внесување на билатерални спорови, што, според него, е погрешна стратегија.

„Имено, доколку ние самите прифатиме, односно со молкот, одобруваме внесување на билатерални прашања и бугаризација на самиот процес, не верувам дека многу земји членки или воопшто дали која било, ќе се противи на тоа, како што беше претходно случај со Чешка и Словачка, особено во контекст на ургентноста на моментумот и кризата во Украина, при што на ЕУ и е потребен итен успех на Западниот Балкан и неговата перспектива од аспект на европското проширување. Во делот на самиот предлог, голем дел во него е реално штетен. Сметаме дека барем она што може да се спаси е нашата Влада да биде час поскоро што погласна и да побара корекции во неколку аспекти. Првенство тоа е во делот на улогата на Комисијата, како тело коешто треба да врши надзор врз акцискиот план. Ова е преседан којшто досега никогаш не се случил, иако некои велат дека топката се префрла од Софија во Брисел, сепак Софија ќе има значително голем удел во изготвувањето на тие прогрес извештаи, со коишто ЕК ќе треба да кажува дали ние напредуваме или не во спроведување на Договорот за пријателство со Бугарија“, смета Трошановски.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.