НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Четворица осуденици во штипскиот затвор два дена штрајкуваат со глад

0
By НОВА ТВ Balaban on June 21, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Осуденото лице е префрлено од затворено во полузатворениот дел од затворот бидејќи така налагаше неговата здравствена ситуација. Истото треба да поминува повеќе време на воздух, вели Тодоров.

Четири осудени лица во КПУ Затвор Штип втор ден штрајкуваат со глад. Роднини на затворениците велат дека до ваква ситуација дошло бидејќи прaвата во затворот не важеле исто за сите.

Револтот е заради тоа што едно осудено лице било префрлено од затворениот во полуотворениот дел, иако таму бил пократок временски период од нив. Директорот на Затворот Штип, Мики Тодоров иако е на годишен одмор за МИА потврдува дека осудените лица штрајкуваат, лекарот утринава им извршил преглед и нивната здравствена состојба е добра. Одговорно тврди дека ниту едно право на осудентите лица не им е нарушено.

– Во главната тетратка во затворот од вчера е евидентирано дека четири осудени лица штрајкуваат со глад. Од нивна страна нема наведено која е причината поради која штрајкуваат, односно пишува дека истата ќе биде образложена пред институциите. Лицата кои штрајкуваат се прегледани од затворскиот доктор и медицинска сестра од Здравствениот дом и е констатирано дека се во добра здравствена состојба, вели Тодоров.

Посочи дека осуденото лице, кое било во затворениот дел, а сега е префрлено во полузатворениот е заради неговата здравствена состојба и е на препорака од лекарот.

– Осуденото лице е префрлено од затворено во полузатворениот дел од затворот бидејќи така налагаше неговата здравствена ситуација. Истото треба да поминува повеќе време на воздух. Што се однесува на заканите, јас од петокот сум на годишен одмор и немав никаквов контакт со затворените лица. Досега во затворот на ниту едно осудено лице не му се скратени правата кои ги заслужува, вели Тодоров.

осуденици штрајкуваат со глад
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.