НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самитот ЕУ-Западен Балкан заврши без какви било резултати

0
By Соња Крамарска on June 23, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Самитот ЕУ-Западен Балкан, што траеше повеќе од три часа, заврши во Брисел без заедничка изјава и без прес-конференција. Кабинетот на претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел соопшти дека закажаната конференција е одложена поради недостиг на време бидејќи состанокот траел подолго од планираното, а заедничката декларација не била ни закажана. И покрај недостатокот на какви било резултати, придружбата на Мишел вели дека „средбата поминала добро“, јавија западни медиуми.

Лидерите на 27-те земји-членки ќе го започнат својот редовен самит подоцна попладне и се очекува да дадат зелено светло за кандидатски статус за Украина и на Молдавија. Со тоа, двете држави ќе ги прескокнат Босна и Херцеговина и Косово, единствените две земји од Западен Балкан кои се уште немаат кандидатски статус. ЕУ во 2003 година на самитот во Солун му вети на Западен Балкан европска перспектива.

Бугарскиот премиер Кирил Петков, кој пред самитот со Западен Балкан изјави дека нема изгледи за деблокирање на отворањето на преговорите со Скопје на самитот, навести дека решението може да се постигне на наредните денови. Имаше предлози за доделување кандидатски статус на Босна и Херцеговина, но за тоа нема консензус.

Нацрт-заклучоците што треба да ги усвојат лидерите на ЕУ за време на самитот ја повторуваат „целосната и недвосмислена посветеност“ на перспективата за членство на земјите од регионот и повикуваат на „забрзување на процесот на пристапување“. Нацрт-заклучоците го поздравуваат договорот постигнат од водачите на парламентарните партии на БиХ на состанокот со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел на 12 јуни, на кој тие ветија, меѓу другото, да ги спроведат ограничените уставни и изборни реформи. Европскиот совет ги повикува политичките лидери на Босна и Херцеговина брзо да ги спроведат ветувањата дадени во договорот и да ги завршат уставните и изборните реформи, што ќе и овозможи на земјата да постигне одлучувачки напредок на нејзиниот европски пат, во согласност со приоритетите на Комисијата. (MIA)

без успех самит ЕУ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.