Кинеските власти го блокираа пристапот до Инстаграм откако на оваа социјална мрежа се појавија фотографии на учесниците од протестите пренесува Си-Ен-Ен.
Корисниците на оваа мрежа прикачувале фотографии кои ги прикажувале масовните протести и користењето сила од полицијата којашто употребувала солзавец против оние што протестирале.
Освен Инстаграм, во Кина не може да се допишува на некои од другите социјални мрежи. Фејсбук, ЈуТјуб и Твитер се блокирани во Кина, а Гугл веќе со години се бори со властите во врска со цензурата.
Претставници од Инстаграм не дадоа веднаш коментар, но според податоците од услугите за следење како што се blockedinchina.net и GreatFire.org покажале дека апликацијата е блокирана.
Дури и при пребарување низ Веибо, што претставува кинескиот еквивалент за Твитер, не може да се добие опцијата Инстаграм.
„Во согласност со релевантните закони, прописи и политики, резултатите од пребарувањето за ’Instagram’ не може да бидат прикажани”, се вели откако ќе се побара апликацијата.
Сепак, Инстаграм ќе остане достапен во Хонг Конг, кој е надвор од дофатот на цензурата во Пекинг.
Протестите избувнаа откако властите во Пекинг најпрво ветија, а потоа не се согласија со изборни реформи во Хонг Конг, на изборите за локални власти. Приврзаниците на демократијата, меѓутоа, инсистираат на слободното номинирање, тврдејќи дека преку Комитетот, Кина само ги контролира изборите и директно определува кој може да биде биран за функционер во Хонг Конг.