НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Речиси 60 отсто Бугари сметаат дека со „францускиот предлог“ не се земени во предвид интересите на Бугарија

0
By Sashko on June 27, 2022 ВЕСТИ
Фото: novinite.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Предлогот на француското претседателство за деблокирање на европскиот пат на Македонија предизвикува разочарување кај бугарските граѓани, покажуваат резултатите од телефонската анкета спроведена од „Галуп интернешанл“.

Според истражувањето, како што јави дописникот на МИА од Софија, 59,5 отсто од анкетираните Бугари сметаат дека со „францускиот предлог“ не се земени во предвид интересите на Бугарија, 25 проценти оцениле дека тој „во доволен степен ги има предвид“ бугарските интереси, додека останатите немаат став.

Кога станува збор за изгласувањето на недоверба на бугарската Влада, 48,1 отсто од испитаниците го одобруваат соборувањето на Кабинетот на Петков, а 50,5 проценти не се согласуваат со таквата одлука.

Податоците од анкетата покажуваат поларизација, но и одредена консолидација на поддржувачите на Владата, до кои се смета дека дошло како резултат на начинот на кој беше соборена Владата на Петков од опозициските партии Граѓани за европски развој на Бугарија (ГЕРБ), Движење за права и слободи (ДПС) и Преродба и од „Има таков народ“, која досега беше дел од владејачката коалиција.

Анкетата покажува и дека мнозинството од испитаниците се надеваат дека новата влада ќе биде избрана од сегашниот состав на бугарското Собрание. Ваков став имаат 57,9 отсто од анкетираните, наспроти 40,6 проценти кои сакаат предвремени парламентарни избори.

На прашањето која партија треба да го добие мандатот за формирање нова Влада, 40,3 отсто сметаат дека тоа повторно треба најбројната политичка формација во бугарскиот Парламент – „Продолжуваме со промената“ на Кирил Петков, додека 18,2 проценти сметаат дека мандатарот треба да го даде ГЕРБ на поранешниот премиер Бојко Борисов. Помалку од 10 отсто од анкетираните сметаат дека бугарскиот претседател Румен Радев треба да го довери мандатот на некоја трета опција.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.