Сезонскиот грип во Македонија зема уште една жртва.
Станува збор за маж кој претходно имал и други хронични заболувања, меѓу кои и мултиплекс склероза.
Овој пациент е четврта жртва од грипот за околу еден месец, а и останатите тројца беа мажи на средовечна возраст.
Од Центарот за јавно здравје, минатата недела информираа дека се пријавени 2.400 луѓе со симптоми на грип. Најмногу од нив биле заболени од вирусот Х1Н1.