Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Емил Цветанов: Федерацијата работи во интерес на сите клубови и спортисти подеднакво

November 19, 2026

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Самит на НАТО во Мадрид – агенда со нов стратешки концепт што ја дефинира Русија како директна закана за Алијансата

0
By Sashko on June 28, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 28, 2022 08:16

Денеска во Мадрид почнува Самитот на НАТО на кој една од главните теми се очекува да биде новиот стратешки концепт што би ја дефинирал Русија како директна безбедносна закана за Алијансата.

Самитот, кој ќе трае до 30 јуни, ќе се одржи во клучниот момент за Алијансата по неуспесите во Авганистан и внатрешните несогласувања по ерата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, кој се закани дека ќе го повлече Вашингтон од НАТО.

Во пресрет на Самитот во Мадрид, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг изјави дека НАТО ќе го зголеми бројот на војници во состојба на готовност од околу 40.000 на повеќе од 300.000. Тој потег е дел од напорите на НАТО да создаде нова структура на сили во која националните трупи ќе бидат на различни нивоа на подготвеност, така што Алијансата има повеќе војници во состојба на готовност, подготвени да дејствуваат на краток рок во случај на криза.

Генералниот секретар на НАТО рече на Самитот во Мадрид да биде усвоен „нов стратешки концепт“, кој „јасно ќе ја дефинира Русија како најважна и најдиректна безбедносна закана“ на Алијансата.

Столтенберг оцени дека Русија „се откажа од партнерството и дијалогот“ што НАТО „се обидуваше да ги воспостави со години“, а дека „бруталната инвазија на Украина и отвореното кршење на меѓународното право и потпишаните договори меѓу НАТО и Русија“ се само еден пример за такво однесување на Москва.

Тој додаде дека е неопходно да се остават „отворени линии за комуникација“ со Москва за да се спречат инциденти и рече дека во иднина се надева на „некаков вид заеднички напори во областа на контролата на оружјето“ меѓу Русија и НАТО.

Лидерите на НАТО, во рамки на Самитот, ќе упатат покана до турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган да овозможи членство на Финска и на Шведска, кои ќе бидат присутни во Мадрид.

Лидерите на НАТО, исто така, се надеваат дека ќе се постигне договор за обезбедување поголема воена помош за Украина, зголемување на заедничките трошоци за одбрана, зајакнување на решителноста за справување со воениот подем на Кина и ставање повеќе војници во готовност на Балтикот.

Шпанија, чиј крал Фелипе Шести ќе организира вечера за лидерите на НАТО, се залага и за поголем фокус на Алијансата на јужното крило за решавање на миграцијата и милитантните групи во регионот Сахел во Африка.

На дел од Самитот се очекува присуство и на лидерите на Австралија, на Нов Зеланд, на Јапонија и на Јужна Кореја, кој е дел од пошироката американска стратегија за посилно западно присуство во индо-пацифичкиот регион со цел да се спротивстави на Кина.

Иако британските и американските претставници се изјаснија против барањата на балтичките земји за распоредување постојани мултинационални сили во регионот, на Самитот најверојатно ќе биде постигнат компромис за разоружување на војниците со висока готовност.

Германија веќе најави дека ќе обезбеди поголем број на војници подготвени да ја бранат Литванија доколку Русија се обиде да ја окупира територијата на НАТО, се очекува Британија да го стори истото за Естонија, додека Летонија бара од Канада да испрати дополнителни војници.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.