„За жал би требало да констатирам дека е забележано одредено заладување на односите во перспективноста во која сите ние заеднилки вложуваме и во Р.М и ЕУ.Се поставува дилемата како тоа заладување ќе се рефлектира во нашето општество“, истакна Ермира Мехмети Деваја од ДУИ.
Советот за глобална соработка организираше панел дискусија на тема „Актуелната политичка и безбедносна состојба во Република Македонија и нејзината меѓународна позиција“, која одржи денеска во ЕУ Инфоцентарот.
„Сите се декларираме и залагаме дека ЕУ и НАТО ни се најважен императив и најголем кохезивен елемент кој ги доближува зедноиците. Но што правиме кога од комесарот за проширување Филе добиваме изјава во која што прв пат се содржи зборот фрустрираност. Фрустрираност во однос на состојбите во Р.М“, праша Деваја.
Според неа ситуацијата е загрижувачка, а граѓаните на Република Македонија се фрустрирани поради застојот и недовлно динамичниот процес на проширавување на ЕУ.
На дебата учествуваше и професорот Стево Пендаровски кој истакна:
„Во последниве неколку месеци надвор од било каква прогноза интра-македонскиот конфликт доби големи потенцијал да ја разниша оваа земја. Значи во овој момент македонско – македонскиот проблем ја кочи државата“.