Министерството за здравство (МЗ), согласно податоците од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), информира за 148 нови случаи на ковид-19 од направени 1.261 тест и за 45 оздравени пациенти во последните 24 часа.
Нови случаи на коронавирусот се регистрирани во Скопје – 93, во Битола – 11, во Куманово -девет, во Прилеп – шест, во Кавадарци и во Кочани – по пет, во Тетово – четири, во Кичево – три, во Велес и во Неготино – по два, во Гостивар, во Охрид, во Штип, во Струмица, во Свети Николе, во Крива Паланка, во Пробиштип и во Богданци – по еден. Меѓу нив, има 40 реинфекции.
Во текот на изминатите 24 часа не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на починати лица со дијагноза ковид-19 од „Мој термин“ регистрирано е едно починато лице од Скопје (84 год.), починат на ден 27.06.2022 во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 2.080.874 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.856, бројот на оздравени пациенти е 303.783, на починати е 9.323, а бројот на активни случаи изнесува 750.
Од Комисијата за заразни болести денеска соопштија дека бројот на позитивни случаи на ковид-19 во оваа недела во однос на претходната е зголемен за 65,8 отсто. На седницата било заклучено оти не е регистрирано зголемување на бројот на хоспитализации и смртни случаи, а само 10 пациенти во моментот се третираат во болнички услови.
Имајќи го предвид благиот растечки тренд на параметрите и зголемениот број на нови случаи кај нас, во соседството и во светот, од Комисијата потсетуваат на обврската за задолжително носење маски во здравствените установи, во аптеките, во јавниот превози и во домовите за стари лица.
Препорачуваме на граѓаните да бидат совесни, да го заштитат сопственото и јавното здравје и да ги применуваат општите мерки за заштита, како што се заштитна маска , одржување растојание и почесто миење раце“, соопшти Комисијата.
Внимателно ја следиме состојбата и во зависност од промените ќе донесеме соодветни препораки, истакнуваат од Комисијата за заразни болести.