Многупати ме имаат обвинето дека интерпелациите ги држам во фиока. Да бидам јасен, тие прашања не се однесуваат до мене, туку до постапката, порача собранискиот спикер, Талат Џафери во процедуралното обраќање пред пратениците на седницата со единствена точка на дневен ред – Интерпелација на претседателот на Парламентот што ја иницира ВМРО-ДПМНЕ.
„Да бидам јасен, тие прашања не се однесуваат на мене туку до постапката затоа и денеска е предлог на дневен ред да биде единствена точка Интерпелацијата“, порача Џафери.