НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Рудникот САСА ги зголеми платите на вработените за најмалку 4300 денари

0
By Соња Крамарска on June 30, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Почитувајќи ја напорната работа и посветеноста на своите вработени и следејќи го трендот на зголемување на цените и животните трошоци, менаџерскиот тим на рудникот САСА од Македонска Каменица донесе одлука за ново зголемување на платите на сите вработени, соопшти попладнево дирекцијата.

Почнувајќи од утре, 1.јули 2022 година, сите вработени во Рудник САСА ќе добијат зголемување на вкупно исплатената плата од дополнителни најмалку 4.300 денари. Со тоа, просечната плата што ја обезбедува САСА ќе биде до 80 проценти повисока од просечната плата во земјава.

Ова зголемување на платите го надополнува зголемувањето на нето платата од 3 проценти што Саса го исплатува од јануари годинава. Дополнително просечно зголемување од 3 проценти добија работниците преку прилагодување на неделните часови во смени, што исто така беше спроведено оваа година. Така, со најновото покачување, платата на секој вработен во Рудник САСА само во текот на 2022 година е зголемена за најмалку 10 проценти.

„Овие зголемувања на платите се дел од нашата трајна определба за обезбедување благосостојба и социјална сигурност на сите наши вработени, со тоа што тие ќе бидат соодветно наградени за нивните напори и постигнувања. Истовремено на овој начин сакаме дополнително да ги мотивираме нашите вработени со цел да обезбедиме поголема продуктивност и ефикасност во работењето. Паралелно, продолжуваме да инвестираме и во модернизација на производството, во безбедноста, во заштитата на животната средина и во проекти што се значајни за локалната заедница, со што се трудиме да обезбедиме натамошен одржлив развој на САСА“, изјави генералниот директор на САСА, Скот Јеланд.

зголемување на платите рудник САСА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.