Времето претпладне ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност, а во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветар, која локално ќе биде со услови за појава на краткотрајно невреме и град.
Дневните температури ќе бидат во интервал од 30 до 38 степени, додека УВ индексот ќе изнесува 8.
Во Скопје времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност и слаб до умерен северозападен ветар. Максималната температура ќе достигне до 35 степени.
Во наредните денови ќе имаме многу топло време, со дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30 степени.
И покрај топлото време, поради влијание на циклонска активност од исток, претежно во попладневните и вечерните часови, наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветар, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со појава на град и силен ветар.