Премиерот Димитар Ковачевски ги собра лидерите на партиите во владеачката коалиција во Владата на разговори за европскиот предлог за евроинтеграциските процеси на Македонија кој вчера пристигна во Министерството за надворешни работи.
„Со владината коалиција денеска разговараме за европскиот предлог врзан со евроинтеграциските процеси на Република Северна Макеоднија кој вчера пристигна во МНР и за процесот за консултација кој следи понатаму. Секоја одлука поврзана со предлогот ќе ја носиме заеднички и преку широк консултативен процес“, наведува Ковачевски.