Времето претпладне ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена локална облачност. Попладне на места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветар, а локално ќе има услови за појава на невреме со град.
Утринските температура ќе биде во интервал од 12 до 21 степен, а дневните ќе достигнат до 37 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 9.
Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со слаб до умерен североисточен ветар. Попладне ќе има развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Утринските температури ќе бидат до 20-от степен, а дневните ќе се искачат до 36 степени.
Управата за хидрометеоролошки работи прогнозира многу топло време и во наредните денови. Поради влијание на циклонска активност од исток, во попладневните и вечерните часови наместа ќе има развој на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветар, а локално ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со град.