Поранешната пратеничка на СДСМ и претседателка на Комисијата за заштита од дискриминација, Весна Бендевска и Весна Јаневска, претседателка на Комисијата за образовние и наука на ВМРО-ДПМНЕ, се сретнаа на синоќешниот протест пред Владата против францускиот предлог за деблокирање на евроинтеграцискиот процес на Македонија.
Бендевска, преку социјалните мрежи во пресрет на протестот, порача дека ќе излезе пред Владата во знак на незадоволство од ситуацијата што ја опиша како „лакрдија која го повредува нејзиното лично граѓанско право на самосвест за национална припадност, посебност, мајчин јазик и историја на нејзиниот народ со која се гордее“.