НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Жените земјоделки ќе земаат надоместок за мајчинство и боледување

0
By Mirjana on July 4, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска учествуваше на состанок на работната група  составена од претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој, Министерството за здравство, ФЗОМ, УЈП, ПИОМ и Правниот факултет – Скопје,  во организација на Националната федерација на фармери која го поттикна процесот на решавање на правен механизам за остварување на право на надоместок за мајчинство и боледување на регистрираните земјоделки.

Претставниците од институциите го посетија и семејството на Вангелина Пармачка, регистрирана земјоделка од Будинарци, Беровско, кои со децении наназад се занимаваат  со овчарство, производство на овчо сирење и производи од овчо млеко. На фармата на Пармачка во работата се вклучени сите членови на семејството.

Министерката Тренчевска се заблагодари на можноста за посета на фармата Пармачка и изрази уверување дека со заедничка работа на институциите и граѓанскиот сектор, ќе се дојде до  унапредување на законските решенија кои ги засегаат земјоделците, особено жените земјоделки.

Таа се осврна и на Конвенцијата за мајчинство, усвоена од Меѓународната организација на трудот, а ратификувана од нашата држава и неопходноста од нејзина имплементација, а го уредуваат прашањето за мајчинство.

„На еден транспарентен начин, со отвореност за предлози и идеи од сите засегнати страни, можеме да дојдеме до решенија кои ќе водат кон унапредување на човековите права на жените  и кои ќе бидат усогласени со мегународните и националните политики на државата. Нашата држава е претежно земјоделска земја и можностите за вработување во оваа дејност се големи. Токму затоа, креирањето на квалитетни државни политики и мерки за руралниот развој се од големо значење за луѓето кои живеат во руралните средини,“ рече Тренчевска.

Министерката ја потенцираше целта на законските измени кои се во насока на подобрување на положбата на жената земјоделка.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Никица Бачовски истакна дека Агенцијата како  институција задолжена за имплементација на програмите за финанисиска поддршка  во континиуитет ја докажува својата практична заложба за подобрување на економската положба на жените од руралните средини.

„Како резултат од работата на полето на родово-одговорното буџетирање, креирана беше мерката 115 од програмата за рурален развој, односно мерката за поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство. Оваа мерка објавена за првпат во 2019-та година како пилот мерка по принцип на грант од 100% од направените прифатливи трошоци со максимална вредност до 3000 евра. На последниот јавен  повик за истата мерка максималниот износ по корисник го зголемивме за дупло, односно од 3000 на 6000 евра,“ рече Бачовски.

Извршниот директор на Националната федерација на фармери, Стеван Орозовиќ, изрази огромно задоволство од одзивот и  учеството на институциите за решавање на толку важно прашање, како правото на надомест за мајчинство на жените земјоделки и изрази уверување за изнаоѓање на најсоодветно решение. Тој се заблагодари и на поддршката на шведската организација за развој, We Effect, за реализација на процесот.

Во овој период Министерството за труд и социјална политика, подготвува и нов Закон за родова еднаквост со цел усогласување на македонското законодавство односно Закон за еднакви можности на жените и мажите (2012) со меѓународните стандарди. Овој закон ќе овозможи зајакнување на машинеријата за родова еднаквост и поефикасно и ефективно меинстримирање на родовата еднаквост.

Исто така се подготвува и нов Закон за работни односи, кој предвидува промени во родителското отсуство со што се унапредува родовата еднаквост.

Жени земјоделки надоместок за мајчинство и за боледување
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Советот за безбедност на ОН: Израелското преземање на Газа би предизвикало катастрофа

August 10, 2025

Италијански медиуми: Иванка Трамп го купила островот Сазан во Албанија за над милијарда долари

August 10, 2025

Бугарски државјанин исчезнал при нуркање на длабочина од 89 метри во водите на Охридското Езеро

August 9, 2025

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025
ФОКУС

Ен-Би-Си: Белата куќа размислува да го повика Зеленски на Алјаска

ВЕСТИ August 10, 2025

Белата куќа размислува да го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски на Алјаска, каде американскиот претседател…

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

August 9, 2025

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.