Владата на Канада изјави дека државата планира да се приклучи кон кампањата за воздушни напади врз Исламската држава во Ирак предводена од САД, пренесува Би-Би-Си.
Овластувањето за приклучување се очекува да помине на гласање во понеделникот во Долниот дом.
Шестмесечната мисија ќе вклучи воздушни надгледувања и борбени авиони, но не и копнени сили.
Премиерот, Стивен Харпер изјави дека мисијата е наменета за „значително да ја деградира” ИД.
Канада има значителен број воени советници кои се веќе во Ирак.
САД има преземено своја кампања за воздушен напад во Ирак и во Сирија веќе неколку недели.
Опозициските партии во Канада го притиснаа Харпер да биде потранспарентен за плановите.
Планот беше изнесен во Собранието од страна на Министерот за надворешни работи, Џон Берд кој побара од канадските пратеници да „признаат дека раководството на терористичката група позната како Исламска држава во Ирак и ИСИЛ ги повика своите членови да ја таргетираат Канада и Канаѓаните дома и во странство”.