Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел претпладнево беше пречекан од првиот вицепремиер на Владата, Артан Груби во рамки на неговата еднодневна посета на Македонија.
Според Груби, посетата на Мишел е од големо значење и доаѓа во период во кој се водат консултации на национално ниво, со сите чинители во општеството, во врска со францускиот предлог кој се однесува на надминување на македонско-бугарскиот спор и деблокирање на евроинтегративниот процес на земјава.
„Посетата ја потврдува поддршката и посветеноста на Унијата за деблокирање на интегративниот пат на нашата земја, обезбедувајќи ја содржината на исправноста и рационалноста на францускиот предлог за спорот со Бугарија. Оваа поддршка треба да биде дополнителен мотив да размислуваме и да донесеме правилна одлука за европската иднина на земјата“, порача Груби.
Мишел ќе се сретна со премиерот Димитар Ковачевски и претседателот Стево Пендаровски.