Шефот на грчката дипломатија, Димитрис Аврамопулос утре во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-Мун.
Главна тема на средбата Аврамопулос – Бан Ки-Мун, ќе биде долгогодишниот спор за името меѓу Македонија и Грција, соопштуваат грчките медиуми.
Според Грчката новинска агенција АПЕ, Аврамопулос во Њујорк, освен со генералниот секретар на ОН, ќе оствари средби и со архиепископот Димитриос.