НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Да не се заборави

0
By Sashko on July 8, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Кои нови форми ги создадовме? – Коморски сенат, Клуб 100, Совет за напредни технологии, Совет за унапредување на индустриското производство и извозот, Совет за унапредување на квалитетот на високото образование и стратешките истражувања, Совет за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките, Советот на странски инвеститори, Македонската асоцијација на рударството, Македонската енергетска асоцијација, Судот на честа, Тим 40… За сите нив ќе прочитате во Монографијата по повод 100-годишниот коморски јубилеј, се вели во соопштението на Стопанската Комора на Северна Македонија.

Во Монографијата ќе прочитате и за сите незаборавни моменти од работата на Стопанската комора на Северна Македонија, вклучувајќи ги нејзините реорганизации, кој нè напушти, кој ни се придружи, а кој остана и верен на Комората. Во 2004 година се виде дека ниту заживеа новиот плурален коморски механизам, ниту Стопанската комора успеа да се одржи на нозе.

Барајќи решение, во септември 2004 година се донесе одлука да се формира Одбор за трансформација на Комората, кој многу темелно ја прифати таа работа и ги водеше работите. Успеа да ја реконституира Комората, според одредбите на новиот закон од декември 2004 година, по којшто најголем дел од членките се вратија или се задржаа.

Изненадување беше дека традиционалните дејности останаа најдоследни на Комората, го прифатија новиот начин на работа и веднаш почнаа со активности. Такви се металургијата, рударството, градежништвото, земјоделието, текстилната индустрија, итн.

Но, имаше и такви кои во тешките моменти нè напуштија. Ние можеме да зборуваме сѐ, можеме да најдеме оправдание за сѐ, но тргнувајќи од основните вредности коишто постојат во животот и во општеството, кога требаше тие да и помогнат на Комората, тие избегаа. АТАМ, ХОТАМ, МАСИТ, Здружение на банкарството.

Тоа не смее да остане незабележано, затоа што Комората е институција која е организирана на еснафски принцип. GS1 Македонија, позната по бар-кодовите, Македонското кредитно биро, Организацијата на работодавачи на Македонија, Пакомак… Ова се организациите, кои произлегоа од Комората, но никако не ја намалија важноста и значењето на Стопанската комора на Северна Македонија, како репрезент на бизнисот во Македонија, туку напротив, уште повеќе ја зајакнаа сликата за Комората како симбол на обединување, но и како „расадник“ на нови идеи, форми на дејствување, бизнис-услуги и активности кои ги поврзуваат бизнисмените од земјава и регионот со бизнисмените од било која страна на светот.

Постојаниот избран суд – Арбитража, и пред 30 години и денес, континуирано е при Комората, како постојана арбитражна институција која дава поддршка во решавање на споровите меѓу деловните субјекти, во согласност со важечките
Арбитражни правила. Можеби понекогаш неосетно или невидливо, друг пат агресивно и отворено, но секогаш Комората имала и ќе има своја улога во развојот на македонската економија.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

УНЕСКО бара пристап до образование за авганистанските жени

August 15, 2025

ЕУ повика на прекин на „секоја ескалација на тензиите“ во Србија

August 14, 2025

Телата на четворица мажи пронајдени во водите на Сена крај Париз

August 14, 2025

Лондон и Берлин подготвуваат директна железничка врска преку Ламанш

August 14, 2025

ИНСТАТ: Населението во Албанија продолжува да се намалува, во првата половина од годинава пад на наталитетот за 7 отсто

August 13, 2025
ФОКУС

Белград: Воени сцени во центарот на градот

ВЕСТИ August 16, 2025

Граѓани и студенти и ноќва се судрија полицијата.

Белград: Центарот на главниот српски град и ноќва е поприште на немири

August 15, 2025

И вечерва протести низ Србија

August 15, 2025

Белград: Вечерва Србија врие – протести и инциденти речиси во сите градови

August 14, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.