НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Порака од амбасадорката Брнз: Донесовте тешки одлуки, донесете уште една, предлогот ги заштитува македонскиот јазик и идентитет

0
By Соња Крамарска on July 8, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Американската амбасадорка Кејт Мари Брнз упати отворено писмо до јавноста во Македонија. Писмото го пренесуваме во интегрална форма:

„Вашата земја достигна историски момент во своето долго и со предизвици полно патување кон нејзината евроатлантска иднина. На вашиот пат наидовте на блокади и одложувања, и се соочивте со предизвици по однос на македонскиот јазик и идентитет, кои се суштински дел од тоа што ве прави нација. Донесовте тешки одлуки со очекувања за напредок. Сега треба да донесете уште една. Токму заради предизвиците со кои се соочивте и оние со кои може да се соочите во иднина, САД ве охрабруваат да продолжите по тој пат со сегашниот предлог за пристапување во ЕУ.

Не ви треба потсетување дека низа влади и пошироката јавност две децении работеа и сеуште работат на пристапувањето кон ЕУ. Како сојузник, партнер и пријател, ние имаме реален интерес во обезбедувањето на вашата Евро-Атлантска иднина. Го одиме овој пат заедно од 2004 година, спроведувајќи програми и обезбедувајќи помош во реализирањето на вашите аспирации и за НАТО и за ЕУ. Ја остваривте првата аспирација. Сега сакаме да ве видиме како ги остварувате придобивките што произлегуваат од активниот процес на пристапување кон ЕУ и ги користите правата како земја членка на ЕУ.

Пристапувањето кон ЕУ ќе ја направи вашата земја посилна. Зачленувањето во меѓународна организација, уште повеќе учеството во тие процеси, е напорна работа и бара тешки одлуки. Тоа веќе го знаете. Веќе сте носеле такви одлуки.  Но прифаќањето на овој предлог значи дека конечно ќе имате место на масата за пристапни преговори. Тоа ве става во истата просторија со земјите-членки на ЕУ, од кои многу се ваши блиски партнери и сојузници. Европската комисија ќе ги прима вашите тимови во Брисел и ќе испраќа свои експерти тука на терен, за да го спроведат процесот на скрининг и самите да станат сведоци на живото демократско општество овде.  Откако ќе ги започнете преговорите ќе имате повеќе алатки на располагање и, благодарение на новата методологија, ран пристап до фондовите и програмите на ЕУ, кои ќе можете да ги користите за реализација на сопствените цели и изградба на иднина каква што посакувате за себе и за вашите деца.  А тогаш кога ќе бидете членка на ЕУ, ќе имате еднаков глас внатре во Унијата, исто како што сега имате во НАТО.

Прашањата содржани во предлогот се технички и ви беа презентирани без многу време за јавна дебата. Разбираме дека предлогот не е таков каков што вие би го подготвиле доколку би имале можност еднострано да ги диктирате условите – но тој го признава македонскиот јазик и идентитет и ги заштитува од понатамошни предизвици.  Иако можеби не е совршен, предлогот го прави она што е потребно: ги заштитува вашите клучни интереси и овозможува отпочнување преговори и динамичен процес на скрининг. Според нашето прагматично гледиште тој претставува реално најдобра можност конечно да ја придвижите вашата земја напред на патот кон ЕУ, истовремено зајакнувајќи ја вашата улога во одлучувањето за сопствената иднина.

Изборот да продолжите напред е ваша одлука како суверена нација.  Знаеме дека одлуката е тешка. Но одлуката ќе остане ваша и кај вас и низ целиот пристапен процес.  Кога ќе сте на преговарачката маса, и кога ќе сметате дека вашите забелешки не го добиваат потребното внимание, ќе имате можност да направите различни избори.  Но, треба да го направите првиот чекор за да стасате до вториот.

Суштината на демократијата е слободата на избор. Суштината на пријателството е да ги поддржуваме одлуките на нашите пријатели и да повикаме на храброст во времиња на предизвици. Како ваш пријател, Соединетите Американски Држави се надеваат дека ќе го изберете најдоброто за вашата земја денес, а и за нејзината иднина“.

Кејт Мари Брнз отворено писмо
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.