„Со огромна жалост би сакале да Ве известиме дека денес по кратко боледување почина нашиот ценет и почитуван Проф.Др.Методи Чепреганов.
Директорот,менаџерскиот тим и сите вработени изразуваат огромна почит и благодарност за соработката и успесите во работата како дел од тимот на болницата,во која работеше повеќе од 20години, се наведува во објавата од страна на Неуромедика на социјалните мрежи.
Проф. Др, Чепреганов беше специјалист невропсихијатар кој поради виталниот дух и здравствена состојба неуморно работеше и во својата деветта деценија од животот.
Беше активен и на полето на публицистиката од својата област при што има издадено 63 монографии и над 8 книги.
Како прилог кон почит кон Проф.Др. Чепреганов ги споделуваме неговите совети за долговечноста:
Првата тајна за долговечноста ја поврзуваше со генетиката како основа на сé.
Втората тајна е велеше, умереност во сѐ. Сѐ што правите треба да биде умерено.
Третата е да избегнувате стресови или состојби кои го воспалуваат организмот. Тие прават дисбаланс на хормоните и психосоматски болести. Тоа е најголемиот проблем на цивилизацијата и на македонскиот народ. Македонскиот народ живее во пролонгирана стресогена состојба, велеше Др.Чепреганов
Вечна му слава!