НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Џозеф: Францускиот предлог го признава македонскиот јазик и идентитет, тоа со документ треба да го направат и САД

0
By Mirjana on July 9, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Политичкиот аналитичар Едвард Џозеф, кој во неодамнешна статија за Форејн полиси порача САД да ја повикаат Бугарија на одговорност поради двегодишната блокада за Северна Македонија и Албанија, на Твитер реплицираше на отвореното писмо до македонската јавност на американската амбасадорка Кејт Брнз.

Џозеф, добар познавач на приликите на Балканот, е предавач по меѓународни студии на престижниот универзитет „Џон Хопкинс” во Вашингтон.

-До Македонците е да одлучат во демократска и транспарентна дебата дали предлогот за пристапување во ЕУ го штити нивното достоинство, безбедност и идентитет, порача тој.

Амбасадорката Брнз во отвореното писмо наведува дека САД се „сојузник, партнер и пријател” на Северна Македонија. Џозеф повика САД да ги поткрепат своите добри намери со вистинска поддршка како „онаа што ја покажаа кон Македонците со признавањето на уставното име на земјата од страна на претседателот Џорџ Буш во 2004 година, во критичен момент и покрај забелешките на Грција”.

-Точно е дека овој предлог за пристапување во ЕУ го признава македонскиот јазик и идентитет, тогаш тоа треба да го направат и САД, вели Џозеф.

Според него, претседателот Џо Бајден треба да го афирмира македонскиот идентитет во Билатерална културна спогодба со преземен текст од Преспанскиот договор. 

Во писмото на Брнз се сугерира дека Бугарија веќе го признала македонскиот идентитет „па затоа ако тоа е вистина тогаш Софија нема да има забелешки” како за тоа, така и за македонскиот јазик. 

-САД само ќе го реафирмираат она за што Бугарија веќе се потпишала, наведува Џозеф. 

Според него овој политички гест на САД ќе биде широко поддржан од етничките Македонци, Албанци во земјата. 

-После се, САД го издејствуваа и Охридскиот договор, кој вклучува заштита на албанскиот идентитет, јазик и симболи како албанското знаме, вели тој.

Џозеф наведува дека колку и да изгледаат неразумни споровите за идентитетот, јазикот и историјата, тие обично прикриваат реални закани по безбедноста. 

-Во позадина на тековната агресија на Владимир Путин во Украина е тврдењето дека таа земја и нејзиниот идентитет се „вештачки”, додава тој.

Џозеф вели дека „Бугарија и нејзиниот претседател Румен Радев се посрамотија со нивните навреди, провокации, барања – и закани – против помалиот сосед Северна Македонија”. 

-Интересите на САД и ЕУ се содржат во тоа соседите да решаваат вакви прашања преку дијалог и дебата меѓу експертите, како што е предвидено во Договорот за пријателство од 2017 година, кој Бугарија флагрантно го кршеше, наведува Џозеф во својата објава на Твитер. 

Едвард Џозеф за францускиот предлог и позициите на САД
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.