Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заврши протестот „Ултиматум-не благодарам“ кој се одржа мирно и без инциденти

0
By Mirjana on July 10, 2022 ВЕСТИ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 10, 2022 21:07

Протестниот марш што вечерва почна од пред Владата, се одржа мирно и без инциденти.  Учесниците прво стигнаа пред Министерството за правда каде ги поставија транспарентите „Ова е Устав“, „Ова е тоалетна хартија“, „Ова се лисици“ и „Ова е Јустицијата, знаете што следи“, а потоа продолжија кон Собранието.

За цело време се слушаа патриотски песни и скандирања: „Оставка“, „Никогаш Северна, само Македонија“ и „Македонија“, а меѓу учесниците се претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, како и пратеници, градоначалници и високи функционери од оваа партија. Присутни беа и претставници од Левица кои се поддржувачи на маршот против францускиот предлог.

Ова беше седми ден од протестот што се одржува под мотото „Ултиматум – НЕ благодарам“.

Фото: Сител Тв

Пред собранието протестот почна со интонирање на националната химна, по што на бината се обратија неколку говорници. Прв меѓу нив беше Мартин Треневски поранешен амбасадор и член на првата експертска Влада.

Тој порача дека не било време за комодитет пред телевизор или во кафеани, повика на масовност зашто само така можело да се сруши оваа Влада, како што рече. Тој се обрати и до Францускиот претседател Макрон велејќи дека било срамно тоа што го прави и дека овие фашизоидни тенденции ги правела „длабоката држава“.

По него се обрати актерката Весна Петрушевска.

Петрушевска порача дека за македонскиот јазик не се преговара, и дека немало граѓаните да дозволат да бидат асимилирани и со сменет идентитет. Таа отворено рече дека застанува во борбата за рушење на оваа Влада и дека нема да дозволи други некои да ги редактираат учебниците и да ни кажуваат кој е Никола Карев.

Протестот помина мирно со најава дека од утре натаму ќе бидат повторно секој ден пред Владата и Собранието. (М.Т.)

 

заврши протестот Ултиматум не благодарам
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Случај Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

Избори во САД: Меѓу доминација на Трамп и политичка рамнотежа во Вашингтон

November 3, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.