Две лица се повредени во железничка несреќа што се случила попладнево кај кумановското село Романовце, информираа oд СВР Куманово и од општата болница.
„Несреќата била пријавена во полиција во 12:48 часот и во неа учествувале воз и патничко моторно возило“, соопшти СВР Куманово.
Директорката на болницата Снежана Захариева информираше дека двајца пациенти биле примени во болницата и по пружената помош се префрлени на скопските клиники.
Двете лица, според неа, се наоѓаат во стабилна состојба.