Заврши и осмиот ден со протест против модифицираниот француски предлог за деблокирање на процесот на преговори на Македонија со Европската унија.
Протестот, кој се одржува под мотото „Ултиматум – Не благодарам“, почна според вообичаената пракса од пред Владата во 19 часот од каде демонстрантите се упатија кон Собранието, минувајќи покрај Министерството за правда.
Учесниците на протестот, кој мина во мирна атмосфера, извикуваа пароли како „оставки“ и „никогаш Северна само Македонија“.
Пред насобраните граѓани кај Собранието се обратија неколкумина говорници кои ги изнесоа своите мислења дека франуцскиот предлог не треба да биде прифатен, бидејќи ги загрозува националните интереси на нашата држава.
(Р.Н.)