Пред Владата вечерва почна деветтиот протест против модифицираниот француски предлог за деблокада на пристапните преговори на Македонија за членство во Европската унија (ЕУ) под мотото „Ултиматум – Не, благодарам“.
По пауза од неколку денови, демонстрантите ќе поминат покрај Министерството за надворешни работи (МНР) до крајната дестинација пред Собранието. Тоа е причина и за засиленото полициско присуство кај плоштадот „Скендерберг“, како превентивна мерка по минатонеделниот инцидент во кој беше употребено и огнено оружје од лице во групата која почна со провокациите од правец на старата скопска чаршија.