Триесетгодишниот Иван се враќа дома. Тој денеска ја напушти болницата во Солун во која беше сместен по извлекувањето од водите на Егејското Море и 20 часовната борба со брановите кај Халкидики.
Грчките лекари констатираа декја тој е во одлична состојба и може да патува со семејството во својата земја. Како што објави порталот protothema.gr, тој бил лекуван поради тешка дехидрација на неколку часа пред излегување од болницата.
„Сакам да се заблагодарам на сите кои учествуваа во моето спасување и посебна благодарност до хеликоптерскиот тим и екипажот на чамците што ме собраа. Беше страшно, не бев 18 часа, туку 20 часа во вода“, изјави кратко Иван за грчките медиуми.
Иван беше спасен благодарение на топка која испловила во морето до него, и за која се држел до пристигнувањето на спасувачките служби.