Во последните 24 часа се регистрирани 411 нови случаи на ковид-19 од кои 88 реинфекции. Евидентирани се и 210 оздравени пациенти, а починати лица нема. Како што информира Министерството за здравство (МЗ), направени се 1.153 тестови.
Најголем број од новите случаи на ковид-19 има во Скопје – 208, а по главниот град следуваат Битола со 33, Куманово со 26, Прилеп со 21, Велес со 16, Струмица со 14, Кавадарци и Штип – по 13, Гостивар – 11, Тетово – 10, Кичево – 8, Кочани – 7, Неготино – 5, Струга – 4, Крива Паланка и Валандово – по 3, Ресен, Радовиш, Делчево и Демир Хисар – по 2, Охрид, Гевгелија, Свети Николе, Берово, Богданци, Македонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 1.
Оздравеле 119 пациенти од Скопје, од Битола – 16, од Куманово – 15, од Кавадарци – 11, од Прилеп – 9, од Тетово – 7, од Велес и од Охрид – по 6, од Кочани – 5, од Струмица и од Гостивар – по 4, од Неготино и од Струга – по 2, од Валандово, од Гевгелија, од Свети Николе и од Пробиштип по 1.
Досега во земјата се направени вкупно 2.092.345 милиони тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на дијагностицирани лица со ковид-19 во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 317.140, бројот на оздравени пациенти е 305.712, на починати е 9.337, а бројот на активни случаи изнесува 2.091.