НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Да преговараме со договор дека ќе ги напуштиме преговорите, ако на маса имаме непристојни решенија

0
By Sashko on July 13, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Следејќи ги социјалните мрежи и дел од медиумите, се добива впечаток дека утре е денот Д кога или ќе се спасиме со НЕ или ќе не снема со ДА. Со должна почит кон револтот, кој масовно се изразува деновиве во однос на предложената рамка, сепак, мислам дека кон целата оваа ситуација треба да се пристапи со разум и со ладна глава.

Ова е сериозен историски крстопат, кој го одредува правецот на нашето општество и идните генерации и оттука повторно, разбирливо, е вниманието со кое се следи целиот процес. Факт е дека Владата целосно потфрли во нејзината комуникациска стратегија, имајќи ја предвид сериозноста и одговорноста која се носи во вакви моменти.

За волја на вистината, се покажа дека и нашата фела не е имуна на тензиите и на емоциите создадени во ваквата ситуација. Мислам дека се пропушта да се искомуницра една многу важна работа. Тоа е дека прифаќањето на европската рамка не значи прифаќање на никаква обврска, особено не во делот на таканаречените идентитетски прашања.

Прифаќањето на рамката наложува, се согласувам, една непринципиелна обврска, не од аспект на нејзината суштина, туку од аспект на правење на преседани во овој процес. Вклучувањето на Бугарите, на Хрватите, на Црногорците, па и сега Египќаните во Уставот, не може никако да нѝ наштети, но иритира поставување на ваков услов, особено кога се знае дека големо мнозинство на јавноста, како и политичките партии, немаат никаков проблем со ова барање.

Дури сметам дека е тоа за нас важно, поради тоа што по првпат во еден документ каков што е Уставот, јасно ќе бидат разграничени двата идентитета – бугарскиот и македонскиот. И да не беше ова барање на Бугарите, мислам дека самите требаше да го иницираме. Па, сепак, останува горчината од условот ова да се направи пред отворањето на кластерите. Значи единствена обврска која ќе произлезе од прифаќањето на рамката е внесување на Бугарите во Уставот.

За другите, мислам многу поважни прашања, како што се јазикот и историјата, мислам дека навистина нема никаква драма. Предлогот каков што го имаме не нè воодушевува и, секако, би можел да биде подобар или покоректен. Во врска со македонскиот јазик. Точно е дека преговорите ќе се водат на македонски. Документите ќе се преведуваат, исто така, на македонски јазик. Бугарија ќе има унилатерална изјава, но тоа никако не менува нешто во фактот што македонскиот јазик ќе биде еден од службените јазици на ЕУ во текот на преговорите и навистина е на граница на безобразлук употребно да се тврди спротивното, манипулирајќи на тој начин со чувствата на илјадници наши сограѓани. Голем дел од нив имаат и попаметни работи од следење на ЕУ интеграциите, па се изложени на најразлични контроверзни коментари на темава.

Во врска со јазикот, точно е дека нè загрижува дали по завршувањето на преговорите и зачленувањето во ЕУ, македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на ЕУ. По 10, 15 години, да сме живи и здрави, можеби ќе дојде време да станеме членка. Во тој период, немаме кристална топка, премиер на Бугарија може да биде некој “а ла” Каракачанов и да се обиде да не дозволи македонскиот јазик да биде официјален. Но, исто така, убеден сум ако имаме во Бугарија некоја либерална проевропска опција, ова воопшто нема да претставува проблем. Но, еве не знаеме, а јазикот нѝ е и тоа како битен. Јас лично и моето семејство имаме наследство од татко ми во триесетина романи напишани на македонски јазик и дел од нив преведени од македонски на повеќе странски јазици. Да се негира ракописот и духот на ова наследство јас жив не би можел да прифатам.

Прво, пред зачленувањето во ЕУ имаме рефередум. Доколку јазикот не биде официјален во ЕУ, јас гласам НЕ. Верувам исто како огромното мнозиство. Второ, Собранието може да изгласа резолуција во која го потврдува разнишаниот консензус и да ги задолжи преговарачите на било која влада во иднина да не прифатат никаков договор кој води кон неприфаќање на македонскиот јазик како официјален во ЕУ. Во контекст на ова јазично прашање, важно е да се знае дека Србија, исто така, преговара на српски, но без гараници дека тој ќе биде официјален јазик на ЕУ.

Следна, за нас исклучително, важна тема е нашата историја и заканите од Бугарија за нејзина негација. Повторно прифаќањето на оваа преговарачка рамка носи 0 со зборови НУЛА обврска за било какво менување на било што во нашата историја или учебници. Точно е повторно дека процесот дизајниран со оваа преговарачка рамка има и такви замки или во најмала рака е недоречен.

Ако ја прифатиме преговарачката рамка, прифаќаме старт на ПРЕГОВОРИ за членство, тоа не е ДОГОВОР. За да го решиме немирот од можни наметнувања на неприфатливи нешта, Собранието повторно со резолуција, едногласно, нека го задолжи преговарачкиот тим на било која влада, да не дозволува било какви политички притисоци кои би нè навеле да го прифатиме неприфатливото.

Ако и после вложените крајни напори да ја убедат ЕУ дека бугарските барања и притисоци се непристојни, постои нашето право за прекинување на преговорите.

„Господа, ви благодариме, но овде не можеме понатаму. Тоа е наше право, а во случајот и должност кое апсолутно никој не може да ни го оспори“.

Исланд на пример прифати да преговара за квоти во рибарењето, иако сега и пред преговорите за нивните рибари немаше никакви ограничувања. Преговорите се одвиваа, Исланд се бореше, но не успеа да ја постигне квотата која ним им одговара и ги напушти преговорите.

Разбирливо, некој ќе праша, ако е така зошто влегуваме во преговорите. На ова прашање би одговорил дека процесот на преговорите многу ќе помогне во професионализација на нашата администрација која ќе преговара со искусни европски преговарачи, а второ во целиот тој процес кој ќе трае до моментот кога ќе бидеме, не дај Боже, принудени да ја напуштиме преговарачката маса, да ги користиме различните алатки и фондови на ЕУ кои се наменети за прилагодување на општеството да се интегрира во ЕУ. Тоа не е занемарувачки ефект од преговарачкиот процес.

Друга, многу важна, придобивка од позиционирањето стратешки во европскиот интеграциски процес, дефинитивно се одлепуваме од неизвесноста во која во овој геополитички земјотрес ќе останат Косово и Босна.

Отфрлањето на преговарачката рамка во таа смисла е навистина влез во голем ризик. Некои велат да се преговара повторно за преговарачката рамка. Зошто да не, но во овие околности какви што се сега, повеќе од сигурен сум дека подобра рамка нема да добиеме. Ако се отфрли оваа француска преговарачка рамка, дај Боже да грешам во проценката дека подобра ќе немаме во наредната декада полна со неизвесности.

Затоа мислам дека утре Собранието има голема шанса да го возобнови консензусот кој нѝ е во нокдаун и да донесе документ со кој јасно ќе го задолжи преговараачкиот тим што е, а што не е прифатливо за нас. Имаме покана да излеземе да играме на голем терен, во Лигата на шампионите со фудбалски речник. Да пробаме! Зошто да се сомневаме во нас самите дека можеби имаме шанса да изиграме шампионски!?

Борјан Јовановски

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Хакери украле податоци од хотели на десет илјади туристи во Италија

August 13, 2025

Водата во Пехчево не е безбедна за пиење

August 13, 2025

Експлозија во фабрика за експлозиви во Бразил уби деветмина и повреди седум лица

August 13, 2025

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.