НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Свирежи, обвинувања, знаме на ЕУ – прекината собраниската седница, расправата продолжува утре

0
By НОВА ТВ Balaban on July 14, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Требаше да се извините на граѓаните што ширевте лаги и небулози, што го поделивте општеството, ако имавте грам чест и морал,  засрамете се, вие сте предавници! Нервозни сте затоа што нема бугаризација, затоа што имаме чист македонски јазик, без фусности, без забелешки. Македонци кои говорат македонски јазик во ЕУ. Колку тоа гордо звучи, порача пратеникот на СДСМ, Марин Костовски.

По говорот на Рашела Мизрахи, пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ, собранискиот спикер Талат Џафери ја прекина денешната собраниска седница, на чиј дневен ред беше информацијата од Владата за францускиот предлог – преговарачка рамка за ЕУ. Седницата се одвиваше во многу тензична атмосфера, обраќањето на премиериот Ковачевски беше проследено со свирежи од вувузели. Како што соопшти Џафери, расправата продолжува утре во 11часот, а за збор се пријавени 42 пратеници.

Со 68 гласа „за“ и „38“ против, Собранието го усвои дневниот ред на денешната 81. седница со единствена точка на дневниот ред – разгледувањето на Информацијата за содржината на Предлог преговарачката рамка за пристапните преговори на Република Северна Македонија со Европската унија, предложена од страна на Претседателството на Франција со Советот на Европската унија на 30 јуни 2022 година.

Пратениците од опозицијата од собраниската говорница обвинија за, како што нагласија, предавство на македонскиот народ и за негрижата на македонското малцинство во Република Бугарија.

Мизрахи запраша: „Кога народот ќе каже не тоа значи точка на се. Дали рушевте антиквизација за да ја замените со бугаризација“. Таа во знак на револт го искина документот со објаснување за францускиот предлог, а претходно од говорница документот го запали нејзиниот сопартиец, Јован Јаулевски. Претседателот Џафери го опомена со зборовите „не си свесен што си направил, ќе одмориш и ќе сфатиш што си направил“!

Каевски: Кукавици сте, се криете зад Левица и заедно со нив одработувате за туѓи центри на моќ! 

Пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски, побара одговор од пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки да каже која е неговата поврзаност со луѓето со качулки на протестите и дали координирал поранешни припадници на Армијата во црните и крвави сценарија.

– На крајот ќе ви кажам дека сте кукавици, кукавици сте бидејќи манипулирате со 18 годишни момчиња, исто како што манипулиравте на 27 април сé со цел да остварите некој политички поен. Кукавици сте затоа што се криете зад Левица и заедно со нив одработувате за туѓи центри на моќ, кои не и мислат добро на оваа држава. Кукавици сте затоа што, освен црни сценарија поделби, омраза, злоба, не знаете ништо друго. Ова нема да ви помине, затоа сте многу нервозни, затоа што Македонија ќе биде интегрирана во ЕУ, со чист македонски јазик, со македонски идентитет, онака како што денеска укажа и претседателката на Европската комисија, порача  Каевски.
Ковачки: Нема да донесете уставни измени по бугарски диктат
Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ запраша „да не мислите дека ќе го исплашите народот или можеби вршите притисок врз вашите пратеници. Предавници во ВМРО-ДПМНЕ нема. Нема да донесете уставни измени по бугарски диктат, рече Ковачки и запраша „зошто толку полиција околу Собранието, ако е се вo ред со предлогот“.

Тој упати сериозни закани кон премиерот Ковачевски и рече дека не го  признава, а дека избегал од собраниската сала.

– Ќе скапеш, ќе скапеш, во затвор. Може до утре сабајле да се смеете, ние ова ќе го реализираме, нагласи Ковачки, кој исто така се обиде да го запали документот со францускиот предлог, но не успеа, запалката му закажа, па на крајот го искина документот.   

Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ рече дека болна точка за Бугарија е фактот што Атина го прифаќа постоењето на македонскиот јазик, а тие го нарекуваат „дијалект на бугарскиот јазик“.

– Многу е чудно како Софија се согласи да бидеме членка на НАТО, а во втората половина на 2019 година да стане пречка за интеграција во ЕУ. Во преден план се сега барањата за внесување на Бугарите во нашиот Устав, а не се признава македонско национално малцинство кај нив. Бугарија прва ја призна македонската држава, но не го призна македонскиот народ и јазик, нагласи  Василевска.

Пратеничката Снежана Калевска Ванчева од СДСМ порача „денеска е денот кога сите лаги и манипулации паднаа во вода, денеска е денот кога ВМРО-ДПМНЕ треба конечно да излезе и да им се извини на граѓаните за нивната лага и манипулација“.

– Урсула Фон дер Лаен денеска во македонското Собрание јасно и гласно кажа нема сомнеж дека македонскиот јазик е наш јазик, чист и заштитен, лага и манипулација е дека македонскиот јазик ќе стане бугарски дијалект, лага е дека Македонците ќе го изгубат својот идентитет со преговарачката рамка, нашиот идентитет и нашиот јазик не биле изгубени низ векови, Ние сме Македонци со наш македонски јазик и такви ќе останеме и такви ќе влеземе во ЕУ, истакна Калеска Вначева.

Пратеникот Павле Трајанов од ДС реплицираше дека тој е за една меѓувладина конференција со која ќе почнат преговорите, а потоа да се отвораат кластерите.

Костовски: Нервозни сте затоа што нема бугаризација, затоа што имаме чист македонски јазик!

Пратеникот на СДСМ, Марин Костовски, кој дојде со знамето на ЕУ коешто го рашири на говорницата, па доби аплауз од сопартијците, истакна дека по денешната шлаканица што ја добија во македонското Собрание, „криминалците од ВМРО-ДПМНЕ кои го бранат Никола Груевски се нервозни“, бидејќи имаме чист македонски јазик во ЕУ и затоа се нервозни и свират.

– Требаше да се извините на граѓаните што ширевте лаги и небулози, што го поделивте општеството, ако имавте грам чест и морал,  засрамете се, вие сте предавници! Нервозни сте затоа што нема бугаризација, затоа што имаме чист македонски јазик, без фусности, без забелешки. Македонци кои говорат македонски јазик во ЕУ. Колку тоа гордо звучи, порача пратеникот на СДСМ, Марин Костовски.

На денешната собраниска седница и претходеше седницата на која свое обраќање имаше претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен.

По завршувањето на седницата, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, по излегување од Собранието, им се придружија на граѓаните кои денеска протестираа. Предмалку, протестот и официјално заврши.

Како што информираа од МВР, петмина се приведени за време на денешните протести.

(Љ,Б.)

 

Свирежи собраниската седница
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.