НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Митрески: Македонскиот јазик ќе ечи и во ЕУ, ниту едни лажни патриоти со вувузели не можат да ја замолчат македонската вистина

0
By НОВА ТВ Balaban on July 14, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Целата јавност денеска во Собранието се увери дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се плашат од вистината, аргументите, обраќањето на премиерот Димитар Ковачевски. Нервозни се затоа што сите нивни лаги, измислици и шпекулации се поразени. Ги видоа заклучоците со кои јасна е целосната заштита на јазичните, идентитетските, историските и културни посебности на македонскиот народ, порача координаторот на пратеничката група на СДСМ и коалицијата Јован Митрески попладнево на прес-конференција во Собранието.

Народот, како што рече тој, ги слушна силните пораки од претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен: „Македонци со чист македонски јазик во ЕУ без додавки, модификации и квалификации“.

– Македонската вистина е една и ниту едни лажни патриоти со вувузели не можат да ја замолчат. Антиевропската коалиција толку може, тензиите и крвавите сценарија кои намерно ги ширеа по улиците и не им успеаја, сакаа да ги пресликаат и овде во Собранието. ВМРО-ДПМНЕ се плаши и не сака дебата, затоа се нервозни, бидејќи ги лажеа граѓаните, рече Митрески.

Митрески нагласи дека ќе продолжат да говорат без разлика на свирењето и вревата.

– Македонскиот јазик ќе ечи и во ЕУ, а овие примитивци, осудени криминалци нема да ја закочат државата. Продолжуваме по европскиот пат, ние ќе влеземе во ЕУ како Македонци кои зборуваат македонски јазик, нагласи Митрески.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.