„Процесот на пристапување на поранешната Југословенска Република Македонија е во ќор-сокак“, заклучува Европската комисија (ЕК) во својот обемен извештај за нашата земја и уште еднаш ја повторувува препораката за старт на преговори за членство, но овој пат со условеност од напредок во реформите.
Еве го точниот текст на овогодишната препорака:
„Со оглед на кумулативниот прогрес што земјата го направи, Комисијата смета дека политичките критериуми и понатаму се доволно исполнети и ја задржува препораката за отворање преговори за членство но жали што се направени чекори наназад во текот на изминатата година. Комисијата бара од властите да преземат одлучна акција за да се решат зголемената политизација и растечките недостатоци во независноста на судството и слободата на изразувањето на начин кој ќе дозволи препораката да остане одржлива и во идните години“, вели документот.
Потоа извештајот додава дека процесот на пристапување на Македонија е во ќор-сокак и дека Советот на ЕУ се уште не ги отворил преговорите за членство. Но, „истовремено потрфлањето на Владата во исполнувањето на бројни клучни проблеми и ја наруши одржливоста на реформите и донесе назадување во некои области“.
“Довербата во државните институции постепено се губи. Расте загриженоста за селективната правда. Состојбата на слободата на медиумите продолжува да се влошува“.
„ЕК искажува сериозна загриженост поради тоа што во текот на минатата година расте политизацијата на државните институции, контролата на владата кон медиумите а и изборите. Неодамнешната политичка криза помешу владата и опозицијата покажува дека партиските интереси се се поважни и националниот интерес. Тоа е одговорност и на владата и на опозицијата кои треба да обезбедат политичката дебата пред се да се одвива во парламентот и да придонесат да се создадат услови за негово добро функционирање“, вели заклучокот за состојбата во нашата земја.
Откако заклучува дека и власта и опозицијата треба да имаат политички дијалог, Брисел додава дека „Владата треба да и обезбеди на опозицијата можност целосно да ја исполнат својата демократска контролна функција. А опозицијата исто така треба да конструктивно да влезе во демократскиот процес“.
ЕК не е среќна поради начинот на кој се одвиваат меѓуетничките односи во земјата.
„Во однос на меѓуетничката ситуација, поголема доверба треба да се гради помеѓу заедниците. Ревизијата на Охридскиот рамковен договор треба да биде комплетирана а нејзините препораки исполнети“.
За спорот со името Брисел смета дека треба да се преземат „одлучни чекори за да се реши “проблемот со името” со Грција“.
Според ЕК, неуспешните преговори во оваа област кои траат 19 години имаат директно влијание на европската аспирација на земјата. Затоа, потребна е “одлучна акција како и проактивна поддршка на лидерите на ЕУ”, вели извештајот кој со ова упатува порака до земјите членки на ЕУ кои се единствените кои можат да помогнат спорот да се реши.
Како што информираше висок европски фунцкионер, ЕК нема алати со кои може да помогне околу името но затоа земјите членки имаат политичка тежина која може да помогне.