Ако Македонија сака да ја задржи својата европска перспектива ќе мора да се посвети на реформите, ова е пораката која денеска ја испрати еврокомесарот за проширување Штефан Фуле пред членовите на Комитетот за надворешна политика презентирајќи го јавно новиот извештај за напредок.
-Загрижува политизираноста на институциите, слободата на медиумите и состојбата на политичкиот дијалог, изјави Штефан Фуле.
Во 14:30 извештајот ќе биде презентиран и пред новинарите на посебна прес конференција.