НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

За околу 50 отсто зголемен бројот на активни ковид-случаи, состанок на Комисијата за заразни болести

0
By НОВА ТВ Balaban on July 15, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во претходното деноноќие се направени 1 365 тестови, а регистрирани се 494 случаи на ковид-19, од кои 105 се реинфекции.

За 45 проценти е зголемен бројот на активни случаи на ковид-19 во земјава од понеделникот до вчера, иако нема пријавени починати лица во текот на оваа недела. Се очекува денеска Комисијата за заразни болести да одржи состанок на којшто ќе дискутира за состојбата со корона вирусот во државата.

Согласно последната статистика од Институтот за јавно здравје, во претходното деноноќие се направени 1 365 тестови, а регистрирани се 494 случаи на ковид-19, од кои 105 се реинфекции. Оздравени се 276 пациенти, а нема пријавени починати лица.

Од вкупно 2 309 активни случаи, најголем број се од Скопје – 1 231 или 50 отсто од бројот на активните случаи се во главниот град. Во Крушево, Македонска Каменица и Пехчево нема активни случаи на вирусот.

Остануваат да важат мерките за задолжително носење заштитна маска во јавниот превоз, здравствените установи, аптеките, установите за згрижување на возрасни лица и лица со попреченост.

Во тек е и вакцинацијата за четврта доза против ковид-19. Вакцината може да ја примат сите граѓани над 18 години, на сите вакцинални пунктови без закажување. Четвртата доза се спроведува со мРНА вакцината „Фајзер” или „Модерна”. Растојанието од третата доза до четвртата се препорачува да биде најмалку четири месеци.

Досега во земјата се направени вкупно 2.094.710 тестирања на ковид-19. Вкупниот број ковид-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 317.634, бројот на оздравени пациенти е 305.988, на починати е 9 337.

Во светот веќе петта недела расте бројот на нови случаи заразени со новиот коронавирус, додека бројот на починати останува релативно стабилен, информираше вчера Светската здравствена организација (СЗО).

– Минатата недела во светот се потврдени 5,7 милиони нови случаи, што претставува пораст од шест отсто. Починати се 9.800 пациенти, колку и претходната седмица, се наведува во неделниот извештај на СЗО за пандемијата од Ковид-19.

Генералниот директор на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејесус порача дека пандемијата и понатаму претставува глобална вонредна состојба.

активни ковид-случаи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.