Земјите на Балканот во последните 20 години водат лоша економска политика, а лошата состојба се прошири на сите економии кои имаат слични карактеристики. Тие карактеристики се пред се, претераното потпирање на странските инвестиции и недоверба кон сопствените валути, вели Владимир Глигоров, соработник на Виенскиот институт за меѓународни економски студии.
„Балканот во целина е многу неуспешен простор, во кој владее тешка социјална состојба и висока стапка на невработеност“, ја пренесува fama.mk, изјавата на Глигоров.
Тој како пример ја посочува Македонија, во која стапката на невработеност во последните 20 години изнесува над 30 отсто.
Тој наведува дека недовербата кон домашната валута и Централните банки владее во сите земји и дека тоа најдобро се гледа по тоа што граѓаните штедат во евра, а самите држави позајмуваат, исто така, странски пари.
„Балканските земји водат лоша економска политика и сите се помалку или повеќе неуспешни во последните 10 до 20 години, а пример за тоа е и транзицијата“, заклучува Владимир Глигоров.