НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Фон дер Лајен ја коригира својата портпаролка: Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик

0
By Sashko on July 15, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Нема сомнеж дека македонскиот јазик е ваш јазик. Ние целосно го почитуваме тоа“, објави претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен денеска на Твитер.

Фон дер Лајен, заедно со пораката, го ретвитна и делот од своето вчерашно обраќање во Скопје, каде пред пратениците во Собранието порача „Иднината на вашата земја е во Европската Унија, а Европа не е цела без Северна Македонија. Ве сакаме во ЕУ! Ви благодарам“.

Портпаролката на ЕК, Дана Спинант претходно денеска одби да даде прецизен одговор дали Европската Унија го признава македонскиот јазик.

Одговарајќи на новинарско прашање, Спинант рече дека вчера претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен говорела за „јазикот што го користат луѓето во Северна Македонија“.

„Изјавата на претседателката значи тоа што значи. Таа зборува за јазикот користен од луѓето во Северна Македонија, што таа го нарекува македонски јазик. За импликациите што ова ќе го има за нешто што е повеќе техничко како, на пример, Договорот за Фронтекс, ќе прашам, проверував за да видам дали има нешто ново, но нема. Ќе проверам дали има нешто ново и дополнително ќе ве информирам, сега засега нема ништо ново“, рече Спинант.

На дополнително прашање дали вчерашната изјава на Фон дер Лајен значи дека Европската комисија го признава јазикот како македонски, Спинант рече дека не сака да се впушта во интерпретација на сите синоними во изјавите на претседателката на ЕК.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.