Полициското обезбедување е се поголемо пред бугарското Народно собрание, каде во моментов се одржува протест против поскапувањето на електричната енергија, но во исто време има протест за поддршка на премиерот Борисов кој утрово поднесе оставка.
Бугарските медиуми јавуваат дека постојат големи тензии меѓу двете групи на демонстранти и дека е можен судир меѓу групите.
Учесници на протестите, како што јави БТА, изјавиле дека не сакаат предвремени избори „кои би ги довеле на власт луѓето што управуваа со државата во последните 23 години“, туку дека сакаат само „пониски цени за струјата“.
Протести против поскапувањето на струјата се одржа и во неколку други бугарски градови, како Пловдив, Бургас, Ќустендил и Димитровград.