Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Нема недопирливи во Македонија, ако се утврди ќе има одговорност во случајот со болницата „Жан Митрев“, порача министерот Сали

0
By Sashko on July 18, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 18, 2022 17:37

Во Македонија нема недопирливи, а ќе има и одговорност доколку се утврди. Ја поздравувам постапката на Основното јавно Обвинителство за отворање на предмет за овој случај и ве уверувам дека Министерството за здравство целосно стои на располагање, порача министерот за здравство, Беким Сали на попладеневната прес-конференција по синоќешната сторија на ИРЛ насловена како „Нечиста крв“ за третманот на пациенти со хемофилтрација во Клиничката болница „Жан Митрев“.

„Со особено внимание ја следев истражувачката сторија на редакцијата на ИРЛ во врска со приватната установа – Клиничка болница „Жан Митрев“ и состојбите кои се поврзани со лекувањето на ковид пациенти за време на пандемијата на ковид-19 во периодот 2020-2021 година. Информациите кои беа објавени ги примивме со загриженост“, изјави Сали.

Тој информира и за преземените чекори како Министерство за здравство, во текот на денешниот ден, заедно со останатите надлежни инситуции.

„Прво, пратен е допис до Државниот санитарен и здравствен инспекторат веднаш да се направи вонреден инспекциски надзор во Клиничката болница „Жан Митрев“. Побарав информација од Инспекторатот дали во последните три години се спроведени редовни и вонредни надзори и кои се резултатите од истите“, нагласи првиот човек на Здравство.

Агенцијата за лекови МАЛМЕД, како шо истакна, веќе иницираше вонреден инспекциски надзор по однос на постапката на тоа дали е почитувана или не постапката за клиничко испитување на хемофилтрација како метод за лекување на ковид-19.

„Првите сознанија укажуваат дека не е испочитувана, но да оставиме да се утврди фактичката состојба и тој наод ќе го имаме уште во текот на утрешниот ден кога истекува и рокот за изјаснување на Клиничката болница „Жан Митрев“. Третата постапка што повторно ја актуелизираме пред Лекарската комора е спроведување на бараните стручни надзори на лекувањето на пациентите во Клиничката болница „Жан Митрев““, потенцира Сали.

Од извештајот, како што рече, очекува неколку елементи како краен резултат – јасно утврдување на системски недоследности за кои одговорно тврди дека сите кои ќе бидат во негова надлежност како министер ќе ги исправи во најкус можен рок.

С.Д.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.