Советот на Европската Унија (ЕУ) донесе одлука за отпочнување на пристапните преговори со Скопје и со Тирана, објави чешкиот премиер, Петр Фиала на Твитер чија земја го презема претседателството со институцијата од Франција до крајот на годината. Патем информира дека се усвоени и преговарачките рамки за Северна Македонија и за Албанија.
Според него, тоа е ова важен чекор во приближувањето на Западен Балкан кон ЕУ.
„Ова е голем успех за нашето претседателството“, додава Фиала.
Чешкиот премиер рече дека утре ќе се сретне со лидерите на двете земји во Брисел за да разговараат за наредните фази во процесот на преговори за членство во ЕУ.
Претходно денеска Европската комисија (ЕК) соопшти дека утре претпладне се планира заедничка изјава на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, премиерот Фиала и неговите колеги од Албанија, Еди Рама и од Северна Македонија, Димитар Ковачевски.
Се очекува почетокот на преговорите да биде официјализиран со првите меѓувладини конференции во текот на утрешниот ден.