Во Македонија институциите се тие што не ги почитуваат човековите права на ризичните категории граѓани. Иако, законот вели дека секој има исто право на лекување, корисниците на дроги на пример, не доаѓаат лесно до медицинска помош, тие не се еднакви со другите кандидати при вработување, а многу полесно им се изрекуваат казни од страна на правосудните органи.
Во болниците тие се изорилирани во посебни соби, обележани со жолти ленти на вратите, како знак за опасност. Ваквата ситуација државата ја вбројува во една од најконзервативните и нетолерантни земји во Европа.
Во оваа емисија ПРОЦЕС, за проблемите зборуваат двајца зависници од дрога, а на темата дебатираат др. Славица Гајдазис Кнежевиќ, психијар и Наташа Бошкова правна застапничка во ХОПС.